Предизборни потреси во Германија: За прв пат во историјата, „Зелените“ се најсилната партија

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Германската „Зелена“ партија за прв пат е попопуларна од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел.

Според анкетата објавена од „Форса“, 28% од Германците ја поддржуваат оваа партија, додека 21% ја поддржуваат ЦДУ.

„Зелените“ се почесто се споменуваат како можни учесници во идната германска влада, а тие неодамна ја именуваа својата кандидатка за канцелар Аналена Баербок, која ужива солидна поддршка од јавноста.

ЦДУ го избра Армин Лашет за свој кандидат во хаотична трка, претседател на партијата кого голем дел од јавноста го смета за „човек на естаблишментот“ и самата Меркел, наспроти Баварецот Маркус Шедер, кој е повеќе популарен меѓу обичните членови и јавноста.

Резултатите од анкетата беа објавени во вторникот, буквално во исто време со најавата на ЦДУ дека Лашет ќе ја претставува партијата на изборите.

Многу аналитичари сметаат дека „поуредниот“ избор на кандидати им помогна на „Зелените“, исто како што расправиите им наштетија на десниот центар.

Иако ова е прва анкета во која партијата на „Зелените“ е попопуларна од ЦДУ, оваа главна партија на естаблишментот сепак најчесто се смета за фаворит на изборите.
На истиот ден со споменатата анкета беше објавено и истражувањето на ИНСА, кое покажува дека демохристијаните се уште се на врвот, со поддршка од 27% од граѓаните, додека Зелените се со 22%. Следат социјалдемократите, а потоа и либералите, а крајно десничарската АфД е со 11%.

Изборите се во септември.

Слични содржини