Предлог-законот доставен до Собранието: Задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж

494 прегледи

Пратеници на СДСМ во собраниска процедура го доставија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.

„Со ова, реализираме уште едно клучно ветување дадено пред граѓаните, отвораме нови можности за младите. Во собраниска процедура заедно со Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за работни односи го доставуваме и Предлог законот за измена на Законот за администрација, со што целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор“, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст.

Во продолжение погледнете ја целата изјава во целост:

Слични содржини