Предлог-законот за амнестија во Влада на седница

од Nikola Popovski
159 прегледи

Предлог законот за амнестија, ќе биде на расправа пред Владата и испратен до Собранието со потребните усогласувањ најави премиерот Димитар Ковачевски. До денеска треба да се изврши усогласување со секторот за законодавство, откако пред една недела на седница на Владата беше констатирано дека постои потреба од негово дополнително усогласување со надлежните институции.

Според Ковачевски, Предлог – законот, со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела, не се однесува за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон.

Целта на Законот, според Министерството за правда, е да се овозможи растоварување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа било потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

Од издржување на казна се предвидува да бидат ослободени осудените на затворски казни до шест месеци, а останатите ќе добијат намалување на казната од 30 отсто.

Годинава амнестирани беа лицата кои не ги плаќаа казните за време на ковид пандемијата. Амнестија за сторители на одредени кривични дела имаше и во 2018 година, а на тогашниот закон му претходеше голема јавна дебата.

Слични содржини