Предлог-законот за државјанство оди во Собрание со европско знаменце

од Nikola Popovski

На денешната редовна седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството.

Основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.

Во предложените законски измени и дополнувања се вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини Владата до Собранието ќе го достави со европско знаменце.

Слични содржини