Предлог-законот за „Недела неработен ден“ го помина првиот собраниски филтер

од Nikola Popovski
314 прегледи

Денеска собраниската Комисија за труд и социјална политика расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес. Мнозинството членови дадоа зелено светло на Законот за работни однос, односно го помина првиот собраниски филтер, а исклучок се 42 дејности каде работниот процес не може да биде прекинат.

Министерката за труд и социјална политика посочи дека овие измени ќе ја променат сликата во градовите низ земјата, нема да има супермаркети што ќе работат, освен големите молови. Таа смета дека со ова се прави баланс на приватниот и професионалниот живот, а во дискусијата во собраниската комисија посочи дека ваквото законско решение е прифатливо и за Сојузот на стопански комори кој, нагласи министерката, правел анкета кај своите членки од кои околу 70 проценти се изјасниле дека истото е прифатливо за нив. Исто така, нагласи Шахпаска, поддршка има и од Организацијата на работодавци.

Од владејачката партија соопштија дека измените на овој закон кои се изработени по пат на социјален дијалог, предвидуваат недела да биде ден за неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.

Паралелно, со измените на Законот за трговија за вработените во трговија предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи станува збор за дејност која не може да се прекине.

Во недела ќе работат моловите, дел од прехранбената индустија, угостителските објекти, рудниците, медиумите,здраствени институции, противпожарна служба,фотографски, креативни, уметнички дејности и други.

2 % од прометот  во моловите, работодавачите ќе бидат должни да го уплатат на буџетска сметка, однсоно тоа би изнесувало околу 1 120 000 евра.

Предлог-измените предвидуваат во рок од 60 дена по нивното стапување на сила да се донесат и подзаконските акти, а недела како ден за одмор да почне да се применува од 1 октомври.

 

Слични содржини