Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додека жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението.
Обвинител побарал обдукција на починатата 54-годишна жена, а за убиецот психијатриско вештачење. Полицијата соопшшти дека тој утрото во 07:30ч сам се пријавил во полиција.
„На 30 март околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото“, соопшти портпаролката на СВР Велес Ана Милевска-Ѓеоргиева.