365
На синоќешната седница на Владата бил разгледан Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политички партии.
Со овој закон, како што велат од Владата, се уредени начинот и постапката за обезбедување финансиски средства, како и располагање со средствата за тековната работа и дејствување на политичка партија, но и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии.
Така, согласно Законот за финансирање на политичките партии процентот за исплата на средства е 0,15% од основните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија во тековната година. Предлог-законот е потребен заради усогласеност со претходно донесени уредби, се наведува во соопштението од владината прес-служба.