Предметот историја се става во општествени науки, Царовска вели „стигнавме до модел кој наликува на Финска“

од Vladimir Zorba
496 прегледи

„Оваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултат. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Апелирам до учениците и наставниците да ги следат реформите, ќе биде овој концепт детално објаснет на јавноста. Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме“, истакна министерката за образование, Мила Царовска на денешната прес-конференција за тоа дека предметот историја се става во природно-општествени науки, идентично како и географија, по реакциите на професорите.

Во однос на државната матура, и за тоа дека се уште постојат негодувања кај неформалните средношколски групи и има ученици кои се приклучуваат на бојкотот и не ја следат онлајн наставата, министерката истакна дека полагањето на државната матура е законско обврзано и тоа кажува дека таа е задолжителна.

– Ние сме подготвени истата да се спроведе на безбеден начин. Воведовме новини, програмите се поедноставени исто како и прашањата. Изминатата година направивме пропуст и направивме проблем за учениците кои сакаа да се запишат на универзитетите надвор од земјава, посочи Царовска.

Слични содржини