Предновогодишно, Инспекцискиот совет ќе ги засили контролите во кафеаните

од Берта Китинска
420 прегледи

Засилени инспекциски контроли во угостителските објекти во пресрет на новогодишните празници најавија од Инспекцискиот совет .

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска, најави дека ќе има засилени контроли, но ќе зависи од тоа како ќе биде решението.

-Инспекциските служби не учествуваат во процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме. Без разлика, онака како што стојат сега работите инспекторите, особено од Пазарната инспекција, но и од сите други, се постојано на терен и секојдневно максимално ги искористуваат капацитетите и како се приближуваат празниците ве уверувам дека уште повеќе ќе ги интензивираат надзорите, рече Филиповска Грашкоска.

Во меѓувреме, продолжуваат контролите во угостителските објекти за да се провери дали се почитуваат мерките против ширење на ковид-19. Изминатава недела (од 30 ноември до 6 декември), пазарните инспектори меѓу останатото, затвориле четири угостителски објекти, три во Гостивар и еден во Скопје, за работа по 21 часот и поради присуство на повеќе гости на една маса од дозволеното.

Вкупниот број на контроли во овој период е 3 129 и 490 вонредни инспекциски надзори од кои најголем дел за почитување на протоколите за отворање и работа на угостителски објекти, при што изречени се и 30 прекршочни пријави и издадени се 44 платни налози.

Слични содржини