Предвремени парламентарни избори, луксуз или потреба?

од Destan Jonuzi
259 прегледи

Сите политички партии, и од власта и од опозицијата, се растрчаа на терен, на средби со граѓани, како да е предизборна кампања, иако власта тврди дека сега не е време за предвремени парламентарни избори поради економската и енергетска криза, опозицијата упорно ги бара, и се гледа себеси како „спасител“ на државата.

И познавачите на политичките случувања во државата се поделени оклу тоа дали ќе има или не предвремени парламентарни избори, дали политичките парти се во предвремена политичка кампања, или ова е загревање за редовни парламентарини избори што треба да се одржаат 2024 година.

Џхело Хоџиќ – претседател на СДА вели дека следните парламентарни избори ќе се одржаат во 2024 година.

Џело Хоџиќ

Џело Хоџиќ

– Анкетите покажуваат дека граѓаните имаат историски слаба заинтересираност за политика, како и мала доберба во политичките партии. Од тука потребата политичките партии да се бидат на терен, да поработат првенствено во својата база, а потоа да испратат пораки и до неопределените. Следната година нас не очекуваат уставните измени, преку кои Северна Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ и да ги продолжи процесот со преговори со ЕУ. Јас сум оптимист дека во нашето Собрание ќе има 2/3 мнозинство за европскиот пат на државата, што претставува стратешка цел, а тоа е поважно од партиските агенди и дневното политиканство, изјави Хоџиќ за „Локално“.

Универзитетскиот професор Мерсим Максути смета дека има многу можност предвремените парламентарни избори да се условуват со Уставните измени неопходни за напредокот на државата на патот кон ЕУ.

Мерсим Максути

– Можноста е голема ако неопходните уставни измени што треба да се одобрат се оспоруваат преку можноста за предвремени избори, како пригоден начин да се убеди опозицијата да гласа пред или по изборите. Сите политички субјекти се свесни за овој голем евроинтеграциски процес, затоа не случајно се обидуваат да ги одржуваат контактите со гласачите поблиски. Практиката ни покажува дека политичките кризи се надминати преку избори, затоа уставните амандмани имаат основа на одобрување и решение во пошироки политички компромиси, вели Максути за „Локално“.

Владејачката СДСМ соопшти дека предвремени избори се повеќе луксуз отколку потреба. Од друга страна премиерот и лидер на СДСМ и високи партиски функционери секојдневно организираат партиски трибини во земјава.

Од ДУИ велат дека Владата е политичка, а не техничка, и сметаме дека во април 2024 година заедно со претседателските избори може да се одржат и предвремени парламентарни избори.

– ДУИ како дел од оваа коалиција силно го поддржува парламентарното мнозинство, владината коалиција и ние сме тука да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им треба непредвидливост, на граѓаните не им требаат изборни авантури, велат од ДУИ.

Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и партиите на Албанците во опозиција Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА упорна бараат предвремени парламентарни парламентарни избори. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ често пати учествува и промовира проекти на градоначалниците од редовите на својата политичка партија.

Од друга страна, Собранието е блокирано уште од 2020 година, од самиот почеток на мандатот на актуелниот пратенички состав. Некои закони се заглавени и повеќе од две години. Опозицијата во моментов не доаѓа на координации кај претседателот на Собранието. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прави „блокада“ на Собранието, со барање за предвремени избори, а Левица најави блокади во врска со референдумот за Францускиот предлог.

Д.Ј.

Слични содржини