Префрлени 40.000.000 денари во државниот буџет од конфискуван имот

од Vladimir Zorba

Директорот на Агенцијата за управување со одеземен имот, Дритон Небиу соопшти дека АГЕНЦИЈАТА, ВО ПЕРИОДОТ ОД МАРТ ДО ЈУЛИ 2023 ГОДИНА, врз основа на правосилните судски пресуди, извршила конфискација на парични средства и воедно спроведе успешни продажби НА ОДЗЕМЕН ИМОТ.

„ВО ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ СЕ ПРЕФРЛЕНИ 40.000.000 ДЕНАРИ ОДНОСНО 650.ООО ЕВРА“, сподели Небиу.

Небиу неодамна изјави дека е потребен нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе разговарал со министерот за правда Кренар Лога.

Посочи дека најголемиот проблем со кој се соочува Агенцијата е тоа што складиштата се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи.

Слични содржини