188
Полицијата информира дека вчера во 15 часот и 40 минути на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки управувано од 33-годишниот Љ.С. од гостиварско Дебреше удрило во 73-годишниот пешак Н.С. од Гостивар.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.