Прегазен полицаец откако млада скопјанка удрила во полициско возило и паркиран автомобил

од Nikola Popovski
246 прегледи

Млада жителка на Скопје удрила во запрено полициско возило, информираат од МВР.

Според полицијата, возилото потоа удрило во полициски службеник и во уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.

-На 16.11.2022 околу 00.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило, по што удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, стои во полицискиот билтен.