Повозрасен велосипедист бил удрен од возило во Тетово, информираат од МВР.
-На 30.09.2023 во 08.35 часот било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од бул.„Благоја Тоска“ и ул.„Фуштанска“, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано Д.М.(47) од с.Мала Речица, удрило во велосипед, управуван од А.М.(73) од Тетово, порачаа од полицијата.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, стои во полицискиот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.