Прегазена 19-годишна девојка на Бит Пазар

„Рено“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот од Арачиново

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: МВР

19-годишна девојка тешко повредена откако била прегазена на скопски булевар.

– На 21.01.2026 во 20:00  часот  во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од село Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.