Прегазена 59-годишна жена во Капиштец

Пешакот е префрлен во Клиничкиот центар со тешки телесни повреди

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: МВР

На 26.01.2026 околу 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.