Полицијата информира дека девојка била удрена од автомобил пред трговскиот центар „Дајмонд мол“ во центарот на Скопје.
„Имаме пријава утрово за сообраќајка, удрен пешак. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски“, соопштија од МВР.
Засега нема информации за состојбата на прегазената девојка.