СВР Тетово информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка на автопатот Тетово – Скопје, кај месноста Карпалак, при што се повредил.
Настанот се случил синоќа, 40 минути по полноќ.
-Синоќа во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило ‘фолксваген поло‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В. И. од Седларци, Општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата, возачот се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Ова не е прва ваква несреќа на овој автопат. Пред година и пол, возач од Кичево усмрти мечка, исто така во близина на Карпалак.