320
На 31.01.2024 вo 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дрезденска“ со ул.„Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(74) од Скопје, удрило во пешакот В.П.(68) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.