Прегазени три деца на пешачки премин во Неготино

од Берта Китинска
249 прегледи

Три деца пешаци околу 21 часот на главната улица ,,Маршал Тито”, во централното градско подрачје биле повредени синоќа во сообраќајна незгода во Неготино.

– Сообраќајната незгода била помеѓу  „фолксфаген поло“  со неготински регистарски таблички   управувано од 35-годишник од неготинско село и  три  деца – пешаци. Пешаците се здобиле  со телесни повреди констатирани во болницата во Неготино, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски

Бил извршен увид на местото на настанот.

Слични содржини