МВР информира за уште едно прегазено лица во Скопје. Станува збор за 72-годишен пешак.
– На 24.02.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од полицијата.
Синоќа околу 23 часот, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ исто така беше прегазен пешак, а возачот избегал од местото каде се случила несреќата.
-На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото, информира МВР. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.