444
Полицијата соопшти дека вчера на булеварот „Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа, во која тешко повредена е жена-пешак.
Според полицијата, патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26), удрило во жената и го напуштило местото, но подоцна било пронајдено.
„Сообраќајката се случила вчера, во 10.15 часот, а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.