Прегласувањето може да ја смени бројката на мандати или кој добива а кој губи?

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието, предводено од СДСМ, Стевица Јосифовски – се уважува! Решението на ДИК се преиначува и се одлучува. Приговорот поднесен на 13 декември од претставникот на коалицијата се уважува!Гласањето на гласачко место бр. 2011, општина Теарце за изборна единица број 6 се поништува! – така одлучи Управниот суд и по оваа речение никој нема право на жалби!
Во недела, на 25 декември, засега, според одлуката на Управен суд, ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце, во изборна единица 6. Таму се запишани околу 800 гласачи. На 11 декември гласале 404 лица, или излезноста била 56,58%.

ВМРО-ДПМНЕ добиле 91 глас, СДСМ 87, за ДУИ 53, за БЕСА 65, за Алијансата на Aлбанците 25, за ДПА 64 и Третиот блок по еден.

Бидејќи ова може да влијае на конечниот распоред на мандатите во оваа изборна единица, по одлуката на Управен суд која е конечна, ДИК треба да донесе одлука за прегласување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку има прегласување, неговата партија нема да учествува на изборите и резултатите нема да ги признае, и нема да ги признае резултатите од прегласувањето ако ѝ се одземе победата.

 

„До колку и тие (Управниот суд) ги потврдат незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да ги признае резултатите од тоа прегласување и нема да учествува во прегласувањето“, изјави  на протестот пред ДИК тогаш Груевски.

Но, засега нема никаков коментар од ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Управниот суд.

Управниот суд попладнево ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на СДСМ и реши гласањето на избирачкото место 2011 да се поништи.