294
Мануел Нојер се уште не го обновил договорот со Баерн (Минхен) и неизвесно е дали ќе го стори тоа.
„Кикер“ пишува дека ситуацијата со 36-годишниот голман е слична на онаа со Роберт Левандовски. Нојер сака повторно да потпише до 2025 година, но во клубот не се убедени дека тој ќе може да го задржи нивото на перформанси во следните три сезони.
Актуелниот договор на Нојер е до јуни 2023 година. На Баварците им се приклучи во 2011 година од Шалке 04 и веќе има 27 трофеи со тимот на германскиот гигант.
Оваа сезона Нојер забележа 37 натпревари во сите натпреварувања, прими 34 гола и запиша 14 „суви мрежи“.