Сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола–Ресен попладнево е целосно во прекин поради јавен собир што се одржува над битолската населба Баир.
Како што информира Авто-мото сојуз на Македонија, блокадата започнала околу 14:30 часот, поради што возилата не можат да се движат по оваа сообраќајница.
Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, а на возачите им се препорачува зголемена внимателност и почитување на привремената сообраќајна сигнализација.