Прекин во водоснабдувањето во високите зони на Аеродром и Ново Лисиче

од Марта Пешевска
136 прегледи

Поради реконструкција на водоводна мрежа денеска од 9 часот без водоснабдување ќе останат корисниците на висока зона на населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Прекинот е поради изведување реконструкција на водоводната мрежа ф-400мм т.е. преспојување од стара на нова водоводна мрежа на потегот бул. „Србија“ до кружниот тек на Цементарница, а ќе трае до завршување на работите.