Прекинат бадников оган во скопско, приведени десетина граѓани

од Nikola Popovski
338 прегледи

Полициски службеници вечерва околу 21:15 часот затекнале десетина лица покрај бадников оган во скопското село Орман. Како што информира МВР, лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат какви било собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со епидемијата.

„Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид-19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година“, соопшти МВР.

И Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници, со цел да се избегнат групирање на лица поради пандемијата со корона вирусот, како и со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

„Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен
Во изминативе четири години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено и ја спроведува кампањата за пријавување на оган на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните. Ги потсетуваме граѓаните дека сите огнови на отворено можат да ги пријават на телефонскиот број 193“, соопштија од Град Скопје