Прекинат натпревар поради навреди кон руски фудбалери

од Nikola Popovski
49 прегледи

Фудбалски натпревар во финскиот град Турку беше прекинат поради навреди кон фудбалери со руско државјанство.

„Натпреварот од Првата лига меѓу ТПС од Турку и Јаро од Пјетарсари, кој се одигра во четврток, на 3 октомври, беше прекинат на крајот од првото полувреме поради навреди на навивачи кон играчите Сергеј Лазарев и Сергеј Јеременко“, објавија финските медиуми.

Како што се појаснува, Лазарев е руски државјанин. Од друга страна, Јеременко, кој е роден во Финска, има и финско и руско државјанство. Јеременко настапувал за младинските селекции на Финска, а во 2018 година решил да заигра за руската репрезентација, пренесува „Иле“.

Обезбедувањето отстранило седум навивачи кои извикувале навреди кон играчите од трибините на ТПС.

Спортскиот директор на Јаро, Тобијас Странд, цитиран од медиумите, бил на натпреварот во Турку, но изјавил дека не слушнал што точно викаат навивачите од трибините.

Слични содржини