Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службаници од СВР Тетово синоќа околу 22 часот извршиле контрола во угостителски објект на тетовската улица „Димо Гавроски-Кара“, во сопственост на 32-годишиот тетовец Ф.Р.
Според полицијата, при контролата било констатирано дека во објектот не се постапува според здраствените прописи, односно била организирана веселба со музичари.
Сопственикот на објектот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.