208
МВР соопшти дека растуриле забава во скопско Ѓорче Петров на која присуствувале повеќе полнолетни и малолетни лица.
„Синоќа, околу 22 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во семејна куќа на ул.„Мајски манифест” во Скопје, сопственост на И.Ѓ.(25) и М.Ѓ.(20), при што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на ковид-19, односно била организирана забава, а покрај нивната сестра С.Ѓ.(19), биле затекнати уште шест полнолетни и три малолетни лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик“, велат од полицијата.