Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска разговарал телефонски со својот белоруски колега Александар Лукашенко и разговорот го нарече „прекрасен“ а Лукашенко „многу почитуван“.
Како што и се подразбира, се зборувало и за денешната средба на Трамп со Путин во Алјаска.
„Имав прекрасен разговор со многу почитуваниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Целта на повикот беше да му се заблагодарам за ослободувањето 16 затвореници. Разговараме и за ослободување на дополнителни 1.300 затвореници. Нашиот разговор беше многу добар. Дискутиравме за многу теми, вклучително и за посетата на претседателот Путин на Алјаска. Се радувам на идна средба со претседателот Александар Лукашенко“, напиша Трамп.
Самитот на Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во база на военото воздухопловство на САД во Алјаска ќе почне во 21.30 часот по средноевропско време.