Преместен гробот на Ѓорѓе Балашевиќ

од Stefanija Kuzmanovska
630 прегледи

Обожавателите на Балашевиќ, кои вчера отидоа да му оддадат почит на починатиот уметник 40 дена по неговата смрт, можеа да се уверат дека неговиот гроб не е на местото каде што беше погребан на 21 февруари.

Според тамошните медиуми, гробот на Балашевиќ бил преместен десет метри подалеку, во сенката на четинарите.

Покрај името на починатиот има православен крст, како и стих од неговата песна „Портрет на мојот живот“ – „Без црно, белото не би вредело“, наведува „Новосадската хроника“.

Погребот на Ѓорѓе Балашевиќ беше одржан на 21 февруари со неговото семејство, а на него присуствуваа и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубjана, Зоран Јанковиќ.

Слични содржини