Папата Франциск за првпат зборуваше за својата смрт: „Гробот е веќе подготвен“

од Stefanija Kuzmanovska

Во ексклузивното интервју за мексиканската ТВ станица N+, папата Франциск за првпат зборуваше за својата смрт и каде би сакал да биде погребан кога ќе дојде време.

Папата Франциск во разговорот истакнал дека засега не планира да поднесе оставка, а тие гласини ги смета за симпатични.

Тој, сепак, нагласи дека многу малку ќе патува во текот на 2024 година и рече дека засега е потврдено само патување во Белгија.

Кога станува збор за теми поврзани со смртта и погребот, папата откри дека и тој би сакал да биде погребан во базиликата Св. Марија Велика, која е една од четирите папски базилики.

„Како што отсекогаш ѝ ветував на Богородица, местото за погреб е веќе подготвено и сакам да бидам погребан во базиликата Света Марија Велика. Да, на тоа место затоа што сум посветен на тоа место. Секогаш одев таму. Секогаш во недела наутро. Постои многу силна и голема врска“, рече папата.

Исто така, тој се наврати на 2023 година и рече дека е многу комплицирана кога станува збор за неговата здравствена состојба.

„Да, имаше проблеми. Треба да се молите за моето здравје. Во староста нема шминка, доаѓа сама и се претставува таква каква што е. Сепак, подароците за старост мора да се прифатат. Мора да прифатиме дека многу добри работи можат да се направат од друга перспектива“, заклучи папата.

Слични содржини