Туск бесен на американските републиканци: „Срам да ви е, Реган се превртува во гробот“

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот премиер Доналд Туск остро ги критикуваше американските републиканци за блокирање на законот со кој би ѝ се доделил помош на Украина во износ од 60 милијарди долари.

Тој го изразил своето мислење утрово во објава на социјалните мрежи.

„Почитувани републикански американски сенатори. Роналд Реган, кој помогна на милиони од нас да ја повратиме слободата и независноста, денеска сигурно се превртува во својот гроб. Срам да ви е“, напиша Туск.

Неочекувано силната критика на централнодесничарскиот премиер доаѓа откако американскиот Сенат го блокираше двопартиското законодавство за мерките на границата меѓу САД и Мексико и помошта за Украина од 118 милијарди долари. Законот ќе му обезбеди на Киев воена помош од 60 милијарди долари.

Туск е еден од ветераните на европската политика, откако беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, претседател на Европскиот совет од 2014 до 2019 година и претседател на Европската народна партија од 2019 до 2022 година, пред да се врати на премиерската функција на крајот на минатата година.

Слични содржини