Позајмување на познатата уметничка слика „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи, на друг музеј, би чинело меѓу 30 и 35 милиони евра за три месеци, соопшти парискиот музеј Лувр, што е сопственик на сликата.

„Преместување на сликата во друг музеј на изложба, што подразбира симнување, обезбедување и преместување во заштитното стакло, трошоците за специјалниот превоз, амбалажата и финансиската загуба за Лувр додека сликата не е во музејот, чини меѓу 30 и 35 милиони евра“, соопшти Управата на музејот.