Премиера на документарниот филм – „Се извинувам Кежаровски тука живее?”

од Nikola Popovski

На 25 јуни, вторник во 19 часот во киното „Фросина” – Младински културен центар ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее” од авторот Миле Бошњаковски. Трејлерот можете да го видите на следниот ЛИНК.

Директното сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и затворска казна се поместени во видео запис во два дела во вкупно времетраење од педесет минути. Во филмот покрај сведоштвото на новинарот Кежаровски, ќе имате можност да ги погледнете настаните кои му претходат на неговото приведување односно како тој работи чувствителни истражувачки новинарски теми кои се индиректен (директен) поттик за настаните кои следат, за „желбата” на Обвинителката Лиле Стефанова за Кежаровски да и „пее” и го менуваат животот на семејството Кежаровски.

Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно после пет години од заокружување на голготата наречена „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски”, а во филмот ќе бидат прикажани и моменти од настаните за случајот „Ореше” за прв пат на јавноста.

Слични содржини