Драмскиот текст на Горан Стефановски „Дупло дно“, напишан во 1983 година ќе има уште една македонска премиера, овој пат во режија на Ангелчо Илиевски и во изведба на актерите на Битолскиот театар.

Slovenija, Maribor, 12.12.2012 – STEFANOVSKI Goran foto:Tadej Regent/Delo
Во вечерашната четврта по ред годинешна премиера ќе настапат актерите Петар Мирчевски, Габриела Петрушевска, Мартин Мирчевски, Катерина Аневска и Филип Мирчевски кои подготвиле интимна и лична претстава, или како што најавија во пресрет на вечерашната премиера, моќна претстава која зборува за уметникот, за слободата, за сите заедно.
– Мислам дека имавме интересен процес на работа и дека направивме претстава комплетна од сите аспекти, сценографија, костимографија, режија, актерска игра и музика, истакна актерот Пепи Мирчевски.
Битолскиот театар во својот репертоар често се мотивира и се посветува на творештвото на македонскиот драматург Горан Стефановски, а текстот „Дупло дно“ според режисерот Илиевски е поактуелен отколку во времето кога бил напишан.
За најновиот театарски проект на Битолскиот театар, изборот на музиката го направи Марјан Нечак, сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографијата ја подготви костимографот Благој Мицевски