Премиерката на Италија смета дека изборите за ЕП се пресвртница кон ерата на десницата во ЕУ

од Vladimir Zorba
592 прегледи

Италијанската премиерка Џорџија Мелони денеска ги најави претстојните избори за Европскиот парламент (ЕП) како „пресвртница“ за ерата на десницата во Европската унија (ЕУ).

Премиерката денеска во Рим, за време на последниот предизборен митинг на нејзината десничарска партија „Браќата на Италија“ (Fratelli d’Italia) изјави дека партијата треба да го направи во Брисел она што беше направено во Рим (победа во парламентарната избори во септември 2022 година).

Мелони ја изрази својата желба „да изгради десничарска влада во Европа и дефинитивно да ја испрати левицата во опозиција, која нанела толку голема штета на европскиот континент во текот на сите овие години“.

„Ние сме на пресвртница и изборите се еден вид референдум меѓу две спротивставени визии за Европа“, им порача таа на неколку илјади поддржувачи собрани во центарот на Рим.

ЕУ „мора да биде партнер на националните држави, а не надградба што ги задушува“, рече премиерката за време на нејзиниот говор, пред транспарентот со натпис „Со Џорџо, Италија ја менува Европа“.

Таа ја обвини ЕУ дека премногу се фокусира на регулативата и администрацијата, особено на прашањата за животната средина, и дека таа стана „рај за бирократите и пекол за оние кои работат“.

Анкетите предвидуваат пробив на екстремно десничарските европски партии на изборите од 6 до 9 јуни, иако се очекува традиционалните партии да останат во водство во ЕП.

Слични содржини