Премиерот е за настава со физичко присуство од септември

од Берта Китинска
215 прегледи

Јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако ситуацијата тоа го дозволува, рече денеска премиерот Зоран Заев.

-За училиштата имам свој став. Но, секако, најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состјба и сега ова, кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затварање или други мерки, рече премиерот.

Тој информира дека во понеделник во 9.00 часот Штабот треба да одржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.

Слични содржини