Преодната влада денеска ќе ја одржи првата седница. Премиерот Талат Џафери откако ја презема функцијата од неговиот претходник Димитар Ковачевски вчера ја закажа седницата на новоизбраниот состав на валдата за напладне.
Примопредавања на функциите имаше и во другите министерства.
Ковачевски и Џафери на вчерашната прес-конференција заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Северна Македонија.
„Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на избоприте. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД, ќе ги споведе сите горенаведени оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните“, истакна Џафери.