Премиерот на Норвешка: Загрижува мешањето на Маск во внатрешните работи на другите земји

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере денеска изјави дека директното мешање на американскиот милијардер Илон Маск во внатрешните политички работи на други земји е загрижувачко.

„Загрижувачки е што човек со огромен пристап до социјалните мрежи и огромни економски ресурси е толку директно вклучен во внатрешните работи на другите земји. Вака не треба да бидат работите меѓу демократските земји и сојузниците“, рече Стере, пренесува Ројтерс.

Тој оцени дека, доколку Маск се обиде да се вклучи во норвешката политика, сите политичари во таа земја треба да се оградат од него.

Слични содржини