Премиерот на Сингапур го нападна Трамп: „Тоа не се прави на пријатели“

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Сингапурскиот премиер Лоренс Вонг силно го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за воведувањето царини, велејќи дека тоа е потег што не требало да се случи.

Осврнувајќи се на зголемувањето на царините за земјите ширум светот, Вонг рече дека Сингапур ќе мора да ги ревидира своите прогнози за раст како резултат.

„Многу сме разочарани од одлуката на САД, особено имајќи го предвид длабокото и долгогодишно пријателство меѓу нашите две земји. Тоа не го правите на пријатели. Сингапур можеби ќе оди во рецесија оваа година, но не се сомневам дека нашиот раст ќе биде многу засегнат од оваа одлука“, рече Вонг.

На одлуката на Трамп реагираа и лидерите на земјите низ Азија. Додека Кина најави дека ќе се бори до крај, малезискиот премиер Анвар Ибрахим рече дека земјата ќе испрати делегација во Вашингтон на разговори за царините.

„Ние не веруваме во таканаречената мегафон дипломатија. Како дел од нашата мека дипломатија, ќе испратиме свои претставници во Вашингтон за да го започне процесот на дијалог“, рече Анвар Ибрахим.

Слични содржини