Денеска премиерот Зоран Заев усно побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата.
Причината за ваквото барање на Заев е да се види дали опозицијата има мнозинство во парламентот како што тврди.
Во случај кога прашањето за доверба го поставува претседателот на Владата, усно на седница на Собранието, пратениците гласаат на истата седница, без расправа.
Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата.
За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.