„Имаме стабилни односи со ДУИ и фала Богу на слободата и кога имаме некои нееднаквости, кога имаме несосгласувања тие излегуваат на површина и тоа е причина и да ги решиме проблемите. Ние сме демократска партија. Јас се гордеам со демократијата во СДСМ и секако правото на дискусија, слободата, на различно мислење внатре постои. Но дефинитивно СДСМ имаме одлична соработка. Бевме партнери и кога се носеа најтешките одлуки за државата. Се радуваме за економските успеси и таа соработка е за добробит на сите граѓани во оваа наша земја, а секако дебата е отворена. Постои и одредено несогласување и одредени поединци во ДУИ кон СДСМ, па да не зборуваме и за сите други политички партии, и сето тоа покажува дека сме различни“, потенцираше Заев.
Премиерот истакна дека имаат одлична соработка и со опозициските партии од албанскиот блок за најважните прашања и оти и тие и до денес се на располагање за соработка.
„Тие беа тука кога требаше да се поддржи државата да ги оствари своите стратешки аспирации НАТО и ЕУ, поддржувајќи го Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, но секако поддржуваји ги уставните промени“, изјави Заев.