Премиерот Заев слави роденден

од Берта Китинска
138 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска слави роденден. Роден е на 8 октомври, 1974 година во Струмица.

Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Зоран Заев е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Македонија.

Во 2005 година, Заев стана градоначалник на градот Струмица, а од 2013 година е прв човек на СДСМ. По победата на парламентарните избори во 2016 година, тој е предводник на Владата на земјава.

Оженет е со Зорица, со која имаат две деца, ќерката Александра и синот Душко.

Слични содржини