Премиерот Заев во Црквата на Светиот гроб нa Исус Христос во Ерусалим побара благослов за спокој и среќа на сите граѓани на Македониај и мир во светот

од Vladimir Zorba
445 прегледи
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владината делегација што го придружува во Израел денеска ги посетија светите места во Стариот град во Ерусалим, спој на религии, традиции и култури.
Впечатоците од разговорите со граѓаните се дека постои иста верба кај граѓаните, добар живот.

-Во Црквата на Светиот гроб на Исус Христос во Ерусалим побарав благослов за спокој и среќа на сите граѓани на Македонија и за мир во светот, соопшти премиерот Заев.