Премините Јариње, Мердаре и Брњак, слободни за сообраќај

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи  на Косово денеска соопшти дека премините Јариње, Мердаре и Брњак се слободни за сообраќај.

„Патиштата сега се слободни за сообраќај, а за излез и влез на територијата на Косово се потребни три до пет минути“, соопштија од Националниот центар за гранично управување на МВР на Косово.
На веб-страницата на Центарот нема информации за состојбата со камионите со српска стока на кои претходно не им беше дозволен влез на територијата на Косово, пренесе Бета.

Поради таа одлука на косовската влада, камионџии синоќа организираа протести на премините Јариње и Мердаре.

Слични содржини