Премногу сол во исхраната може да го загрози имунитетот

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

Покрај проблеми со срцето и крвниот притисок, истражувачите велат дека премногу сол исто така го оштетува и вашиот имунитет.

Неодамнешна студија покажа дека количината на сол што ја јадете може да ве направи подложни на болести предизвикани од бактерии и болести предизвикани од вируси, како што е ковид-19.

Студијата, објавена во списанието „Circulation“, се обиде да го продлабочи разбирањето што научниците го стекнаа во студија од 2015 година.

Во таа претходна студија, истражувачкиот тим откри дека зголемените нивоа на натриум во крвта влијаат на тоа како одреден вид бели крвни зрнца се подготвуваат да реагираат кога ќе почувствуваат нездрава клетка. Но, дури и на крајот на таа студија, вели д-р Сабрина Гајсбергер од Берлинскиот институт (БИМСБ), научниците „сè уште не знаеја што се случува во клетките“.

Така, за новото истражување, тимот на Гајсбергер го испитал „метаболизмот на имунолошките клетки кои биле изложени на високи концентрации на сол“, се наведува во соопштението. Овој пат, тие дознале повеќе за тоа како солта влијае на имунитетниот систем: „Го нарушува респираторниот ланец, поради што клетките произведуваат помалку АТП, а трошат помалку кислород“, објаснува Гајсбергер.

АТП или аденозин трифосфат, дефиниран како „универзално гориво што ги придвижува сите клетки“, обезбедувајќи енергија за мускулна сила и метаболичко регулирање, што значи дека ако високите нивоа на натриум во организмот предизвикуваат недостаток на АТП, тоа влијае на тоа како тие бели крвни зрнца созреваат, како и колку ефикасно можат да функционираат тие бели крвни зрнца, кои во голема мера се одговорни за имунолошкиот одговор на организмот, пренесува „Eat This, Not That“.

Колку сол е безбедно да се јаде секој ден? Според оваа студија: „Нутриционистите препорачуваат возрасните да го ограничат дневниот внес на најмногу пет или шест грама. Оваа пресметка вклучува сол кој се крие во преработената храна“.

Слични содржини