„Премногу сум уморен“: Се огласи Џереми Рајнер по страшната несреќа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џереми Рајнер доживеа тешка несреќа кога случајно заврши под машина за чистење снег, а сега се огласи од болница.

Како што претходно открија лекарите, актерот е во „критична, но стабилна состојба“ откако се здобил со бројни повреди.

Како што пренесуваат некои медиуми, машината под која паднал била тешка шест и пол тони.

Џереми сега се огласи од болницата и им се заблагодари на сите за поддршката.

„Премногу сум уморен за да пишувам повеќе, но на сите ви испраќам љубов“, порачал актерот од болничкиот кревет.

Слични содржини