Пренџов: Заев сака да биде новата Катица Јанева

од desk2
83 прегледи

По отворениот повик на новоизбраниот премиер на Република Македонија Зоран Заев до републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка, потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов вели дека тој посегнал и по третата, независна власт во државата- судството.


„ Заев побара оставка од државниот јавен обвинител во момент, кога за него има десетина кривични пријави во основното и вишото јавно обвинителство како и во одделението за организиран кримина. Заев многу добро ги знае овие работи и неслучајно бара смена на Јавниот обвинител. Целта е многу јасна- сите овие пријави да бидат забошотени и се разбира заборавени од страна на правосудните органи во Република Македонија“, рече Пренџов.

Пренџов праша дали Зоран Заев сака да стане новата Катица Јанева и под изговор на реформи во судството да инсталира партиски обвинителства и партиско судство кое за него ќе обезбеди амнестија, а за политичките противници ќе му обезбеди физичко отсранување од политичката сцена? Исто така Пренџов потсети дека прв демократски принцип во една држава е меѓусебно независна законодавна, извршна и судска власт.
„Заев не само што не ја зграпчи извршната власт, тој веднаш сака да си ја присвои и судската“, рече тој.

Од ГРОМ го охрабруваат Јавниот обвинител Зврлевски да не подлегне, на како што велат, уцените и заканите, туку да ги обелодени сите кривични предмети на Зоран Заев. ГРОМ како политичка партија го осуди немилиот настан кој вчера се случуваше на скалите пред Министерството за здравство.